Свет
18. January 2016 - 10:50

Иран: Санкциите на САД поради ракетниот систем се нелегитимни

Санкциите кои САД ги воведоа за неколку ирански компании и поединци поради нивната поврзаност со ракетниот систем на Иран се нелегитимни, со оглед на тоа што Вашингтон заработува од продажбата на оружје на Блискиот исток, изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Хосеин Џабер.

- Санкциите на САД против програмата на ракетниот систем на Иран немаат правен или морален легитимитет, изјави тој на прес-конференција во Техеран.

Џабер нагласи дека САД секоја година продава оружје во вредност од неколку десетина милијарди долари во земјите од регионот, кое, како што тој тврди, се користи за воени злосторства против палестинските, либанските и од неодамна, јеменските граѓани.