Свет
25. September 2017 - 12:58

Иран ја затвори граница кон Ирачки Курдистан

Иран ја затвори границата кон Ирачки Курдистан како одговор на денешниот референдум за независност, соопшти иранското Министерство за надворешни работи.

- На барање на ирачката Влада ја затворивме нашата копнена и воздушна граница кон Ирачки Курдистан, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Бахрам Гасеми.

Тој додаде дека референдум е „незаконски и нелегитимен“.

Во меѓувреме, и сириската Влада соопшти дека не го признава референдумот во Ирачки Курдистан.

- Ние во Сирија го признаваме само единствен Ирак и ги отфрламе сите процедури кои водат кон поделба на Ирак, изјави шефот на сириската дипломатија Валид ал Муалем