Свет
20. February 2017 - 12:58

Иран истрела ракети за време на воени вежби

Елитната иранска Гарда на исламската револуција денеска истрела модерни ракети во рамки на воени вежби, јави ТАСС. 

Ракетите се истрелани за време на тридневните вежби, што започнаа утрово во централниот дел на Иран. 

Маневрите се одвиваат во две фази со учество на единици на иранската пешадија, противвоздушна одбрана, артилерија и авијација. 

Засега нема детали за моделот на ракетите или нивните можности, но според армиски извори, тие успешно ги погодиле поставните цели.