Свет
23. February 2017 - 12:01

Ирачките сили презедоа половина од аеродромот во Мосул

Ирачките сили презедоа половина од меѓународниот аеродром во Мосул, кој е под контрола на џихадистичката група Исламска држава, соопшти воен претставник.

- Силите на Федералната полиција контролираат 50 проценти од аеродромот со површина од 25 километри квадратни, истакна воениот извор.

Нападот врз аеродромот започна на петтиот ден од офанзивата за преземање на западниот дел од Мосул.