Свет
24. February 2017 - 13:39

Ирачките сили навлегоа во западен Мосул и го зазедоа аеродромот

Ирачките сили напредуваат денеска кон западен Мосул и презедоа целосна контрола врз меѓународниот аеродром во југозападниот дел на градот, соопштија ирачките власти. 

Претходно денеска портпаролот на заедничките операции изјави дека ирачките сили ја презеле и воената база во близина на аеродромот. 

Таа база и аеродромот се важни и ќе послужат како база за операцијата која ирачките сили ќе ја преземат кон западен Мосул, кој е поделен со реката Тигар.