Свет
20. February 2017 - 13:28

Ирачките сили го пробиваат патот кон аеродромот во Мосул

Силите на ирачката армија и елитните единици на Министерство за внатрешни работи на Ирак навлегоа во јужните предградија на Мосул во вторниот ден од почетокот на новата офанзива за пртерување на припадниците од групата Исламска држава (ИД) од западниот дел на градот. 

Ирачките хеликоптери го бомбардираа со ракети ридот во селото Абу Саиф, што се возвишува над аеродоромот на градот и претставува природна заштитна линија за екстремистите во јужните пристапи кон Мосул. 

Непосредна цен на ирачките сили во моментов е да направат пробив кон аеродромот, што се наоѓа во јужните предградија на градот, со цел да го претворат во база за напад врз западниот дел на Мосул, каде џихадистите се стегнати во обрач. 

Но, таму се наоѓаат и околу 650.000 цивили, кои насилно се префрлени од источниот дел на градот, од каде џихадистите беа протерани по 100-дневната воена кампања. 

Ирачките сили со оклопни возила напрадуваат и кон големата воена база Газлани во југозападните предградија на Мосул. 

Ирачките полициски единици и редовната војска, поддржани од коалицијата предводена од САД, вчера започнаа офанзива за преземање на западниот дел на Мосул. 

Засега тие напредуваат кон ретко населените територии, но борбите ќе се усложнат со приближувањето кон градот, при што ќе се зголемат и ризиците за цивилите кои се наоѓаат таму.