Свет
28. February 2017 - 11:45

Ирачките силе напредуваат кон западниот дел на Мосул

Ирачките безбедносни сили се приближуваат кон главниот владин комплекс во западниот дел на Мосул. Оваа офанзива ја презедоа со цел да ги протераат припадниците на Исламската држава од нивното последно упориште. 

- Зградата на локалниот совет и седиштето на гувернерот се мета на силите за брзо делување, изјави неименувам претставник на елитната единица на ирачкото Министерство за внатрешни работи, пренесува БТА.

Во текот на претходните денови ирачките сили го презедоа аеродромот и мостот во јужниот дел на градот, што се смета за стратешки важна позиција бидејќи преминува преку реката Тигар, од каде ирачките сили ќе можат да доведат засилување и да внесат залихи за источните страни на градот.