Бизнис
26. August 2016 - 17:36

Инвестициски бум во рударството

По подолг период серија инвестиции се случуваат во рударството. Започна градбата на рудник за бакар на компанијата Сардич МЦ, прв нов рудник по 40-на години, инвестиција вредна 35 милиони евра од кооја се очекуваапо 20 милиони евра приходи годишно, неколку стотоци директни и индиректни вработувања, како и ангажман на градежната индустрија.

Челникот на англиско-украинската компанија најави и многу поголема инвестиција од 350 милиони евра во рудник во Старо Нагоричане како и трета инвестиција во близина на рудникот Казандол чија градба почна вчера.

- Планираме да инвестираме и во друг локалитет со 10 пати поголема инвестиција од 350 милиони евра. Паралелно ќе изградиме фабрика за производство на бакарни производи. Многу сум и благодарен на Владата што ни даде можност за многу краток рок да завршиме со геолошкото истражување, да започнемена со изградба на комплексот и, за една година, да почнеме со производство. Добра е политиката на отворени врати за инвестиции. Имам доста пријатели кои доаѓаат со мене и имаат намера да отворат свои бизниси во Македонија, рече Скубенко.

До крајот на неделата треба да се рестартира рудникот во Пробиштип, а Тораница одново да проработи идниот месец, под конценсијата на компанијата Минстрој која најави ангажирање на сите рудари кои останаа без работа заради стечајот на претходниот концесионер.

Во финишот на подготвителните активности е проектот за вадење бакар и злато во Иловица. Компанијата Јуромакс Рисорсис, која котира на канадската берза, и обезбеди меѓународно финансирање, во нов рудник ќе вложи 500 милиони долари и директно ќе вработи 400 лица. Планиран е годишен извоз на 300 милиони евра.