Бизнис
14. July 2016 - 19:48

Инвестиција од 400 илјади евра во краварска фарма преку ИПАРД

До крајот на октомври ќе биде готова изградбата на краварската фарма кај Мороишки мост во близина на Враништа.

На површина од 1000 метри квадратни за почеток ќе има 35 молзни крави а ќе биде и за преработка на млеко.

Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Цветков истакна дека станува збор за инвестиција во вредност  од 400 илјади евра која се реалзизира преку ИПАРД  програмата а за која сопственикот помош ќе добие и од државата со покривање на половина од хипотеката и каматата.

Каба одлучил да се занимава со одгледување на крави откако слушнал за субвенциите кои ги доделува државата.

Инаку Цветков го посети и Мрестилиштето Шум во Струга кое оваа година не доби концесија за порибување на Охридското езеро со пастрмка и најави дека ќе биде  распишан јавен тендер за реконструкција и снабдување со изворска и чиста вода за да се реши овој проблем.