Инвестициите кои влегоа оваа недела ќе отворат 1.500 нови работни места
Инвестиции вредни над 50 милиони евра , кои ќе отворат речиси 1,500 работни места беа најавени неделава. Секој ден се објавуваше по една – велешка порцеланка е во рацете на индиски инвеститор, германките Акомпласт и Електро Мехатроникс Систем ќе инвестираат во Прилеп и Бунарџик и меѓународната корпорација ИКС трејд отвори свое претставништво во Скопје.
Индиската групацијата БРГ ќе вложи 31 милион евра и ќе вработи 1,000 лица. Ќе произведува кујнски прибор и други производи од челик
Фабрика за лед светилки и соларни панели ќе произведува Електро Мехатроникс Систем во зоната во Буранџик . Инвестицијата е вредна 15 милиони евра и се очекува вработување на 200 лица. Компанијата, планира во Македонија да го пресели производството лоцирано во југоисточна Кина..
Своја фабрика за пластични делови за автомобили почна да гради и германски Акомпласт во економската зона во Прилеп.
Ќе инвестираат 3 милиони евра и ќе креираат 150 директни вработувања од техничките струки.Своја канцелараија вчера отвори и ИКС трејд, која планира вработуување на 100 лица.
Преговорите со најавените компании траеле по најмалку една година. Сите се одлучиле да вложат поради добрата бизнис клима и напорната работа на државата да се донесат што е мошно повеќе инвестиции.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар