Интернационален мото фест во Скопје
На Скопско кале в петок, сабота и недела ќе се одржи 10. Интернационален мото фест со кој ќе биде одбележана 10-годишнината од формирањето на мото клубот „Ноќни волци“ од Скопје.
Како што најави претседателот на „Ноќни волци“ Ленин Јовановски, на настанот кој е од отворен тип е најавено присуство на моторџии од сите околни земји, но и од Словачка, Чешка и Русија со кои ќе имаат целодневно дружење за време на фестивалот.
- Во рамки на фестивалот в сабота во 17 часот ќе се одржи мото дефиле по улиците на Скопје со кое ќе пратиме порака за поголема безбедност во сообраќајот и ќе обрнеме внимание на сите други ученици во сообраќајот за нашата присутност за да бидеме повоочиливи и да бидат повнимателни кон нас. Цел ни е да укажеме дека моторџиите се една од најранливите групи во сообраќајот, рече Јовановски на денешната прес-конференција.
Тој посочи дека на мото дефилето ќе бидат презентирани сообраќајни поучни видеа и нагласи дека статистиките покажуваат оти останатите учесници во сообраќајот кои учествувале во сообраќајна несреќа со мотоцикл најчесто воопшто не го забележале до моментот на сударот.
Ди-џеј Ицко информира дека музичкиот дел на фестивалот в петок ќе го отвори Дани, а потоа ќе настапи бугарскиот ска состав Uikeda, по што ќе следат домашните рок состави Dirty Side и Backdoor Band.
Музичкиот дел в сабота ќе го отворат македонските блузери In the Mood, а веднаш потоа ќе следи настапот на италијанскиот состав Achtunng Babies кој е најдобар кавер или трибјут бенд на групата U2. Фестивалот ќе го затоврат Band X, трибјут бенд на хардрок легендите AC/DC.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок