-->
-->
Институтот за македонски јазик ги почнува Отворените денови со промоција на нови изданија
-->
Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ со промоција на три нови изданија денеска ќе ги почне Отворените денови кои ќе завршат во петок.
Централен настан ќе биде дводневната меѓународна научна конференција „Минатото на јазичниот свет - денес и утре“ на 15-ти и 16 ноември.
Изданијата што ќе ги промовира денеска се излезени оваа година: Речник на црковнословенски јазик од македонска редакција II, свеска 12; Записи од мојот крај (Долна Преспа, Република Албанија) од Крисанта Јанкула, и Народни песни од Малеш од Станко Костиќ (Костовски) со историско-дијалектолошка анализа од Илија Бетински Малеш.
Промоцијата ќе биде во просториите на Институтот за македонски јазик со почеток во 11 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Над 100.000 граѓани не ги зеле личните документи во законскиот рок
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
Мостот Беласица затворен, повторно ја тестираат издржливоста
-
Транспортиран пациент од Унгарија
-
Охридското езеро под притисок од пловилата
-
Вучиќ и се „заблагодари“ на Македонија што е коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
Аеро клубот „Штип“ одбележа 100 години од своето постоење