Македонија
24. July 2015 - 16:45

Инспекторот хаус мајстор си имал и сопствена градежна фирма

Хаусмајсторот на Жерновски сопственик на градежна фирма.

Документите од Централниот регистар покажуваат дека актуелниот раководител на инспекциската служба во општина Центар истовремено е сопственик на градежна фирма чија основна дејност е изградба на станбени и нестанбени објекти.

Се уште нема информации, дали фирмата на Стојчевски се јавува како инвеститор на некој објект во општина Центар но фактот дека инспекторот може да издава одобренија за градба  во општината со најскап градежен простор и истовремено поседува компанија која може да гради е скандал сам по себе.

Медиумите утрово ги објавија и фотографиите од луксузниот автомобил на хаусмајсторот Кочо Стојчевски. Станува збор за Ауди А5 кое според официјалните ценовници не може да се купи за цена пониска од 40.000 евра, а поопремените верзии надминуваат 70.000 евра.

Не се знае, дали Стојчевски автомобилот го заработил како успешен бизнсмен во градежниот бизнис но јасно е дека со плата на хаусмајстор не се купува вака луксузно возило.

Сител вчера објави дека Стојчевски уште пред да го добие решението од Жерновски со кое од хаусмајстор е прераспределен на работното место раководител на инспекциската служба во општина Центар лажно се претставувал како инспектор.  Тоа го докажуваат серија документи од официјалната комуникација меѓу Стојчевски и Државниот управен инспекторат, што му отвора простор на Обвинителството против него да поведе кривична постапка за лажно претставување, за која казната достигнува и до 1 година затвор.

Но скандалот на Жерновски и Стојчевски не завршува тука. Овој документ претставува решение со кое, покрај Стојчевски, СДСМ и Жерновски се решиле од џебот на граѓаните на општина Центар некој денар да легне и на сметката на сопругата на инспекторот-хаусмајстор. Домника Стојчевска, со одлука на општинскиот совет е назначена за член на управниот одбор на детската градинка Кочо Рацин, која е под директна надлежност на општина Центар.