Бизнис
4. January 2018 - 16:28

Инспекторите да ја откријат нелојалната конкуренција бараат бизнисмените

Пазарниот инспекторат 2 месеци  без директор, вработените без плата,  инспекции на терен нема. Трудовиот инспекторат пак има недостиг од инспектори. Додека да се решат проблемите со кадрите ,  фирмите се соочуваат со проблеми во работењето. Нема кој да ја контролира нелојалната конкуренција.затоа  Бизнис конфедерацијата бара итно решавање на проблемот.

Бошков додава дека за да живне економијата годинава потребно е компаниите да имаат полесен пристап до свеж капитал преку поевтини кредити. Државата уште треба да ги намалува трошоците за водење бизнис, а парите да се пренаменат за инвестирање во човечки капитал, плати и нови инвестиции.

На крајот од 2017 бизнисмените беа со поделени мислења за тоа дали економијата годинава ќе генерира подобри резултати. Засега, најсигурни оптимисти за економската состојуба  се премиерот Заев и првиот финансиер Тевдовски.