Македонија
21. April 2017 - 21:17

Иницијативата За заедничка Макеоднија излезе со барање за нови избори

Нови избори на кои народот ќе ја отфрли тиранската платформа. Ова е основното барање на граѓанската иницијатива За Заедничка Македонија содржано во македонскиот народен документ „Избори се за Македонија“.

-Бараме предвремени парламентарни избори во Република Македонија. Избори на кои народот ќе ја отфрли во целост Тиранската платформа, направена во друга држава под патронат на премиер на друга држава!!!

-Од денес натаму ИЗБОРИ се основното барање на Граѓанската иницијатива „За Заедничка Македонија“, на сите Македонци, Абанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци кои нè поддржуваат. Ова барање е логичен и рационален продолжеток на сите наши досегашни цели. И затоа велиме

НЕ ЗА ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА! ДА ЗА ИЗБОРИ ЗА ФИНАЛНА ПОБЕДА, изјави Борис Дамовски од грашанската иницијатива За Заедничка Македонија.

-ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА НЕМА ДА ЈА ИМА! ИЗБОРИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИМА, Богдан Илиевски, граѓанска иницијатива За Заедничка Македонија.

Од граѓанската иницијатива се убедени дека избори се најдоброто решение за крај на политичката и институционалната криза во земјава. Тие потенцираа дека имаат предвидено прецизни чекори кои ќе почнат да ги соопштуваат од следната недела. Побараа и свикување на итна собраниска седница со единствена точка на дневен ред – прогласување и распишување на предвремени парламентрани избори во Република Македонија.

Најавија дека од понеделник ќе почнат со консултации со сите релевантни општествени субјекти.

И граѓаните сметаат дека нови избори се решение за излез од кривата.

Денешниот 54-от по ред протест За Заедничка Македонија беше еден од најмасовните.Илјадници граѓани маршираа од Влада до Собрание.

И за во понеделник во 17 часот пред Влада од граѓанската иницијатива најавија нов протестен марш.