Информативна сесија за „Проекти за литературни преводи“
Министерството за култура во соработка со Канцеларијата за „Креативна Европа“ - потпрограма „Култура“ на Република Унгарија денеска во Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ организира информативна сесија за категоријата „Проекти за литературни преводи“.
- Овој настан е еден од редовните кои ние ги организираме особено пред и за време на повиците за аплицирање за одредени категории во случајот литературни преводи бидејќи крајниот рок е 25 јули. Го правиме овој обид да ги повикаме издавачите и издавачките куќи кои се потенцијални апликанти и да им помогнеме во процесот на аплицирање, истакна Билјана Прентоска од Министерството за култура.
Таа нагласи дека Македонија, Унгарија, Бугарија, Хрватска, Србија, Словенија и Италија се земји кои се најуспешни во користење на овие фондови, конкретно за категоријата литературни преводи.
Монди Габор од Канцеларијата за „Креативна Европа“ - потпрограма „Култура“ на Република Унгарија потенцира дека се успешни поради нивниот издавачки сектор кој, како што рече, е многу силен, тие комуницираат и си помагаат меѓу себе.
Жарко Кујунџиски, уредник во Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје информира дека оваа програма е отворена за сите македонски издавачи и оти сите издавачки куќи може да конкурираат.
- „Антолог“ веќе неколку години добива поддршка од оваа програма и за нас како издавачка куќа е многу значајна. Пред се тоа се пакети од повеќе книги кои се добиваат. Одеднаш се добиваат седум или осум книги кои се преведуваат од некој европски јазик, а ние најчесто одиме со различни јазици, рече Кујунџиски. Додаде дека досега преку оваа програма превеле над 40 книги, кои биле наградувани, вреднувани од критиката и публиката и имале одличен одѕив.
Според него, ова за македонската културна средина значи развој на издаваштвото, пред се на преведувачката активност, како и финансиски импут. Освен што се објавуваат книги има и циркулација на автори.
Ново на Сител
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено