ИНФОМАКС: Ова е полицаецот Аце кој пукаше во народот, се соочува со казна затвор од три до 10 години
Партискиот војник на СДСМ вработен во МВР, а кој се соочува со висока казна затвор поради тоа што извади пиштол и пукаше во плафонот по наредба на партиски челник во Собранието на Р.Македонија е Ацо Ангеловски. Истиот, беше вклучен во кампањата на Оливер Спасовски за изборите на 11-ти декември, пишува Инфомакс.
Ацо Ангеловски или Аце полицаецот, како што нагалено го нарекува неговиот партиски шеф Зоран Заев, вчера откако добил наредба од Зоран Заев пукаше во плафонот во Собранието, а од рикошетот на куршумот е повредено едно помладо лице кое беше пренесено во Градската болница каде му беа санирани полесните повреди, пишува порталот Инфомакс.
За среќа, оваа провокција заврши со полесни повреди, а можеше да има и жртви.
Според пишувањата на порталот, планот на Заев бил да има жртви, за да се предизвика поголема провокација и дестабилизација, со што тој и неговите сценаристи слично како во 2001-та, но и како во Украина ќе предизвикаа граѓанска војна.
Ацо Ангеловски е инаку официјално обезбедување на Оливер Спасовски, кое го наследи како технички министер за внатрешни работи согласно Пржинскиот договор. Вработен е во МВР, функционира како партиски војник на СДСМ, и очигледно нема допирна точка со законот кој треба да го спроведува, имајќи предвид дека чекал наредба и барал дозвола од неговиот партиски шеф да пука во народот, стои во текстот на порталот.
Ангеловски е соочен со казна затвор во траење од три дo 10 години, поради нелегално држење и употреба на огнено оружје. Дополнително, Ангеловски се соочува и со строги санцкии поради прекршување на правилникот за употреба на средства за присилба, имајќи во предвид дека против група на цивили кои немаат оружје не смее во ниту еден случај да се користи огнено оружје, дури ни како предупредување.
Ново на Сител
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.
-
Г-7 одлучни да ја засилат ПВО на Украина
-
Стано: Косово мора да ја формира Заедницата на српски општини, во спротивно ќе има последици
-
Руси поставија светски рекорд со скок со падобран | ВИДЕО