Индустриското производство во периодот јануари-јули поголемо за 0,2 отсто
Индустриското производство во периодот јануари - јули 2015 година во однос на истиот период лани е поголемо за 0,2 отсто, соопшти денеска Државниот завод за статистика.
Во јули годинава, пак, е евидентирано намалување на индустриското производство во споредба со јули 2014 за 2,7 отсто.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2015, бележи пораст од 7,8%, во секторот Преработувачка индустрија има опаѓање од 3.6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација намалување од 13.2%.
Според главните индустриски групи, производството во јули годинава 2015 година, во однос на истиот месец лани, бележи пораст кај Капитални производи за 28.1% и Трајни производи за широка потрошувачка за 6.5%, додека опаѓање има кај Енергија за 15.3%, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.7 %.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација