Свет
13. February 2016 - 12:25

Индонезија најави поголема соработка со Русија

Претседателската палата во Џакарта денеска соопшти дека претседателот на Индонезија Јоко Видодо упатил официјална покана до рускиот претседател Владимир Путин да биде почесен гостин на самитот на Организацијата за Исламска Соработка ( ОИЦ ), што ќе се одржи на 6 и 7 март во Џакарта. На самитот ќе се расправа како трајно да се реши проблемот на Палестина, политичка стратегија која и во рамките на Обединетите Нации ја кооринира Индонезија.

Веста за поканата до Путин е соопштена по средбата на претседателот Видодо со рускиот амбасадор цо Индонезија Михаил Галузин. Двете страни најавија дека е многу веројатно посетата на Путин да се реализира, потсетувајќи дека веќе е потврдена посетата на Видодо на Русија, во мај годинава.

Директната средбана Видодо со амбасадорот Галузин се случи неколку дена по одбивањето на Индонезија да екстрадира руски граѓанин, во Индонезија обвинет за трговија со наркотици. Џакарта оваа одлука ја објасни со непостоење на меѓудржавен доовор за екстрадикција, но дипломатските кругови и медиумите во Русија не го криеја незадоволството поради тоа што за ова барање на делегација на високи руски политичари Видодо лично им даде негативен одговор.

За разлика од претходните негативни тонови, по средбата на претседателот Видодо со рускиот амбасадор официјално е потврдено дека двете големи држави сакаат да ја унапредат соработката. Официјално, Џакарта смета дека е недоволно ефикасна само соработката со САД во сузбивањето на заканите од тероризам и растечката нарко трговија, па помошта од Русија ќе е добредојдена..

Русија и Индонезија се во завршни преовори за набавка на руски хеликоптери, подморници и борбени чамци со кои ќе се модернизира индонезиската армија. Договорите за ова и поголема соработка на економски и технолошки план, како што се најавува, ќе бидат потпишани на една од средбите Путин – Видодо, а тие, извесно ќе се случат наскоро.