Бизнис
16. March 2018 - 17:53

Индивидуалните концесионери на плажите во Охрид бараат подолги договори

Продолжување на времетраењето на концесиите за плажите ,изедначување на правата на индивидуалните концесионери со оние на хотелите при земање под закуп на плажите,обештетување од поплавите во 2010,поголема контрола во однос на нелојалната конкуренција ова се само дел од барањата на концесионерите на плажите долж охридското езеро.Тие од надлежните бараат итно решавање на овие проблеми со кои се соочуваат години наназад.

Концесионерите на плажите долж Охридското езеро најавија формирање асоцијација преку која ќе ги определат и застапуваат своите интереси.

Градоначалникот Стојаноски најави дека дека локалната работи кон уредување на имотно-правните односи настанати со денационализација за да не се повтори сликата од минатото каде дел од плажите работеа без склучен договор за концесија.