Свет
23. јуни 2017 - 15:59

Индиско село се прекрсти во - Трамп

Индиско село се преименува од Марора во – Трамп, на само неколку денови пред посетата на индискиот премиер Наренда Моди на САД.

Селото во кое живеат многу сиромашни луѓе, се наоѓа во северната индиска држава Харијана.

На влезот во селото сега е поставена нова табла на која пишува: - Добредојдовте во селото Трамп!, и има огромна фотографија од американскиот претседател.

Во иницијативата за преименување, учествувале не само управата на селото туку и од невладина органзиација која работи на проекти за обезбедување тоалети за обичните Индијци. Индија страда од хроничен недостиг на тоалети и над 1,3 милијарда луѓе се уште вршат физиолошка нужда под отворено небо.