Индиски министер им подели палки на младите невести за одбрана од пијаните сопрузи
Индискиот министер Гопал Бхаргава им подели на штотуку венчаните Индијки стотина дрвени палки, повикувајќи ги да ги употребат како оружје во случај нивните сопрузи да конзумираат алкохол или да ги злоставуваат.
Палките, долги 30 сантиметри, кои инаку се користат за перење облека во традиционалните перални, министерот им ги поделил на околу 700 невести, а врачени им се вчера на масовната венчавка организирана од властите на индиската држава Мадхја Прадеш.
На палките се напишани пораки „За тепање пијаници“ и „Полицијата не треба да интервенира“.
Бхаргава ги советувал невестите прво да поразговараат со сопрузите, додавајќи дека треба да ги „пуштат палките да зборуваат“ доколку сопрузите не сакаат да слушаат.
- Не станува збор за намера жените да се испровоцираат, ниту да се поттикнат на насилство, туку палките имаат за цел да го спречат насилството, објасни тој.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право