Бизнис
12. January 2016 - 20:54

Индиски инвеститор ја купува „Порцеланка“ - Историски ден за Велес

Индински инвеститор ја купува Порцеланка. Инвестиција вредна над 30 милиони евра и отворање на нови 1.000 работни места.  Групацијата БРГ, во стариот објект на  велешката фабрика ќе произведува кујнски прибор  други производи од нерѓосувачки челик.

Да се донесе инврестиција е исклучително тежок процес, истакна  вицепремиерот Ставревски, кој потеница дека во изминатиот период се воделе интензивни преговри со групацјата, која е меѓу глобалните лидери во својата област.

За инвеститорот Македонија е најдобра можност за производство на своите производи и  пласман и на Европскиот,  но и на останатите пазари.

Во март лани премиерот ја најави оваа инвестиција.

Индиската групација БРГ е втора поголема инвестиција во Велес.  Инвеститорот има шест фабрики и претставништва во Дубаи, Хонг Конг , Сингапур, Лондон. Над 13 000 вработени  во повеќе земји во светот и годишен обрт од над 500 милиони евра.