Тенис
14. March 2017 - 10:22

Индијан Велс: Осминафинале за Лајовиќ и Нишиока

Србинот Лајовиќ и Јапонецот Нишиока се пласираа во осминафиналето на Мастерс турнирот во Индијан Велс, со што ги постигнаа најдобрите резултати во досегашните кариери на турнирите од оваа категорија.
 
Лајовиќ, кој низ квалификациите се пласира на главниот турнир, за пласман во осминафиналето го победи Вашек Поспишил од Канада, кој во претходната рунда приреди сензација со победата над светскиот рекоет број 1, Енди Мари.
 
Српскиот тенисер успеа да слави во три сета (6:7, 6:3, 7:6), откако во финишот на решавачкиот сет спаси една меч топка.
 
Големо изненадување приреди Јапонецот Нишиока кој славеше во дуелот со Томаш Бердих. Јапонскиот тенисер откако убедливо го загуби првиот сет успеа да ги добие наредните два сета (1:6, 7:6, 6:4).
 
Пласман во осминафиналето во два сета изборија Тим против Миша Зверев, Вавринка против Колшрајбер, Гофан против Рамос, Куевас против Фоњини и Монфилс против Иснер.
 
Мастерсот во Индијан Велс се игра за награден фонд од 6.993.450 долари.