Живот
10. October 2016 - 15:53

Индиец плати осум милиони евра за регистарска табличка (фото)

Индиски бизнисмен, кој живее во Дубаи, на аукција во саботата плати над осум милиони евра за купување на регистарската табличка „број пет“, објави весникот „Голф Њуз“.

- Обожувам да собирам едонставни регистарски таблички и многу сум горд што успеав да ја купам оваа со ознаката „Д5“, изјави бизнисменот Балвиндер Сахани.

Тој додаде дека за да ја задоволи својата колекционерска страст бил подготвен да плати и многу повеќе, „на пример 50 или 100 милиони евра“.

Сахани, кој е сопственик на Агенција на недвижности, се пофали дека минатата година ја купил регистарската табличка „Д9“, за шест милиони евра.

- Јас досега собрав десет уникатни регистарски таблички и се надевам дека ќе ги има уште. Тоа е мојата страст. Оваа со бројот 5 ќе оди на еден од моите „Ролс Ројси“, рече тој.

Аукцијата на уникатни регистарски талички е хит меѓу богаташите во Обединетите Арапски Емирати.