Свет
25. March 2016 - 9:15

Инцко повикува на помирување

Високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Валентин Инцко повика на помирување, по објавувањето на пресудата за поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ.

– Работиме на тоа да после пресудата, вистината, слободата и помирувањето бидат приоритети, истакна Инцко во соопштение до австриски медиуми.

Истовремено, тој упатува критики до оние кои „глорификуваат воени злосторства“ кои себеси се дистанцирале од основните човекови вредности, а со тоа се исклучиле од цивилизираниот свет.

– Тие луѓе мора да носат последици за своето дејствување, а тоа е изолација од цивилизираниот свет, нагласува Инцко.