Македонија
17. December 2017 - 12:43

Инцидент во скопска кафеана

Утринава околу  02.15 часот, Б.Р. (27) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 01.30 часот во угостителски објект на ул. „Црвена скопска општина“ во Скопје физички бил нападнат од непознато лице. Б.Р. со неговите другари З.П. и Д.М. биле во објектот и во еден момент настанало несогласување со персоналот околу плаќање на сметка. Притоа, непознато лице  почнало да го влече до влезната вратата на локалот и го удрило со тупаница во главата.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.