Инцидент во Егејското море, се судрија турски и грчки брод
Грчкиот весник „Катимерини“ на официјалниот сајт, објави две видеа од инцидентот во Егејското Море, односно моментот кога турскиот брод „Умут“ удира во задниот дел од грчкиот брод „Гавдос“ на 12 февруари.
Како што јавува дописникот на МИА од Атина, видео материјалот е од камерите на грчкиот брод и се гледа како предниот дел од „Умут“, со мала јачина удира во задниот дел на „Гавдос“
Како што објави МИА во вторникот, турското МНР тврдеше дека грчкиот брод го предизвикал инцидентот, а грчкото МНР обвини дека турскиот брод удрил во грчкиот. Инцидентот, одново ги зголеми тензиите во односите меѓу Атина и Анкара.
Видео материјалот од камерите на грчкиот брод, министерот за одбрана на Грција, Панос Каменос, во средата им го покажал на неговите колеги, министрите за одбрана на НАТО, а за инцидентот го информирал и Генералниот секретар на алијансата.
Инцидентот во Егејското Море меѓу турскиот патролен брод со должина од 88 метри и бродот на грчката крајбрежна служба со должина од 58 метри, се случи во понеделникот, 20 минути пред полноќ, во морскиот дел околу островот Имиа, на грчка територија.
Грчкиот брод претрпе материјална штета, без да има повредени членови на екипажот, кој броел 27 лица.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово