Свет
26. September 2017 - 8:53

Инцидент во близина на резиденцијата на Дутерте

Истрели од огнено оружје утрово имаше  во близина на резиденцијата на филипинскиот претседател Родриго Дутерте.

Во моментот на пукањето, тој не бил во резиденцијата.

Инцидентот се случува во период на реализација на плановите на Дутерте за „борба против дрогата“, во која досега настрадаа неколку илјади луѓе. За нивната смрт се обвинуваат филипинската војска и полиција.