Македонија
15. October 2017 - 13:37

Инцидент на гласачко место во Стајковци

Откако завршило гласањето на болни и изнемоштени лица, пред избирачко место во  Стајковци, носител на листа со закани и пцости нападнал член на избирачкиот одбор. Инцидентот бил пријавен во полицијата, а екипи дошле и на местото на настанот.

Носителот на советничка листа кој учествувал во инцидентот во Стајковци со член на избирачкиот одбор бил повикан на информативен разговор во полициска станица.