Џет-Сет
30. September 2016 - 20:18

Инцест во семејството на познатата старлета: Нејзиниот брат без срам откри дека е заљубен во својата сестра

Роб Кардашијан го шокираше светот со признанието дека е вљубен во својата постара сестра Ким.

Тој со вереницата Блек Чајна гостуваше на една американска телевизија и во таа прилика откри една тајна од минатото. На прашањето на водителот која му била симпатија во детството, тој одговори - Ким. Старлетата се засрами од ова болно признание, а Роб почна да се смее.

„Тоа е навистина малку чудно, но да... Многу ми се допаѓаше Ким. Секогаш беше убава и презгодна“, изјави малиот брат на ријалити ѕвездата.

Блек Чајна го доби истото прашање, но не приреди изненадување на гледачите. Таа откри дека и се допаѓал Рики Мартин, надевајќи се дека ќе ја извлече ситуацијата.