Свет
29. September 2015 - 18:26

Имолист: Судската покана за Артур Мас е политички мотивирана

Портпаролот на Владата на Kаталонија, Франческ Ормс Имолист  денеска изјави дека поканата за каталонскиот премиер Артур Мас да се појави пред Врховниот суд е политички мотивирана.

Мас доби покана да биде испитан пред Врховниот суд како обвинет за организирање на минатогодишниот симболичен референдум за независност на Каталонија, што беше забранет од Уставниот суд.

Мас треба да се јави на суд на 15 октомври.