Името „Македонија“ останува неприфатливо за Каменос
Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, коментирајќи ги последните случувања во разговорите меѓу Скопје и Атина, изјави дека неговата партија Независни Грци, која е помал коалициски партнер во Владата на Грција, нема да прифати зборот „Македонија“ да биде содржан во името на северниот сосед, објави електронското издание на „Катимерини“.
Каменос вчера при посетата на воениот камп Далипи во Солун, рекол дека остануваат на позицијата утврдена во 1992 година на средбата на партиските лидери под покровителство на тогашниот претседател Константин Караманлис дека терминот „Македонија“ во името на соседната држава не е прифатлива опција за Грција. За промена на таа позизиција, според него, ќе биде неопходен нов состанок со сегашниот претседател Прокопис Павлопулос, пренесува МИА.
„Катимерини“ потсетува дека во 2007 година, Грција, сепак, се согласи зборот „Македонија“ да биде содржан, но во сложено име што би било за севкупна употреба.
Весникот коментира дека ваквата позиција на лидерот на Независни Грција Панос Каменос значи дека Ципрас ќе мора да се потпре на други партии за да обезбеди поддршка за ова прашање.
Ново на Сител
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата
-
ДКСК повторно ќе постапува по приговорот на Силјановска-Давкова за кршење на изборните правила
-
Експлозии во Иран, американски медиуми јавуваат за израелски напади
-
Косовско МНР: Ослободен заменик директорот на косовската полиција Јанковиќ кој беше уапсен во Србија
-
САД ставија вето на барањето на Палестинците за полноправно членство во Обединетите нации
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Променливо облачно со повремен дожд и посвежо, до 18 степени