Живот
16. April 2016 - 10:42

Имате сини или зелени очи? - Тогаш ова нема да ви се допадне, а има врска со алкохолот!

Научниците открија мрачна тајна за која луѓето со светли очи не се свесни. Додека не е доцна...
 
Наодите на американските научници од Универзитетот Вермонт укажуваат на зголемен ризик од алкохолизам кај поединци со посветли очи.
 
Најголем ризик имаат луѓето со сини очи, а најмал ризик е забележан кај луѓето со темни очи.
 
Експертите објаснуваат дека гените кои ја контролираат бојата на очите се наоѓаат во истиот хромозом како и гените кои се поврзани со зависност од алкохол.
 
Претходни истражувања покажаа дека луѓето со сини очи имаат и помала толеранција на болка.