Живот
13. February 2018 - 11:57

Имате ли вакви израстоци на очите? Еве зошто се појавуваат тие

Некои истражувања покажале дека постои поврзаност меѓу срцевите болести и жолтите дамки познати како антеласмата или xanthelasma palpebrarum.

Ваквите израстоци се појавуваат и кај мажите и кај жените, а најчесто после 40. години. Тие жолти ознаки се поврзани со количината на холестеролот во крвта, а зголеменото ниво на холестерол и масти доведува до срцеви болести, запушување на крвните садови и удари.

Тие може да се симптом кој не смее да се занемари. Истражувањата покажале дека ваквите дамки може да се знак на срцев удар, сихемиска болест на срцето, артеросклероза и слично.