-->
-->
Имаше голема среќа, спасен алпинистот кој три дена беше заглавен на Олимп
-->
Грчките спасувачи вчера попладне најпосле стигнаа до 30-годишниот романски алпинист, кој од саботата беше заглавен на карпа на 2.800 метри надморска височина, откако се изгубил при искачување на планината Олимп.
Локаланите власти соопштија дека тој бил во добра здравствена состојба.
Романецот во саботата вечер ги повикал спасувачките служби велејќи дека се заглавил на карпа и се изгубил додека се обидувал да стигне до врвот на планината. Спасувачка екипа стационирана на планината веднаш почнала да го бара алпинистот, но нивните напори во голема мера беа попречени од лошите временски услови и ниските температури, кои доведоа и до провејување на снег на Олимп во понеделникот, но и од недостапниот терен каде се наоѓал алпинистот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација