Македонија
30. August 2016 - 9:06

„Имагинативни деконструкции“ изложба на Дороти Пачкова

Во Кинотека на Македонија вечер ќе биде  отворена изложбата „Имагинативни деконструкции“ од уметницата  Дороти Пачкова.

- Отварајќи ги делата, ги разгледуваме условите на нивното создавање, вклучувајќи ги не само културолошкиот дискурс, но и конвенциите и нијансите на манирот во кој се творени и посебностите од севкупниот живот на нивниот автор.Оттаму произлегува ефикасно, бесконечната комплексност на сликите, што ги прави сите деконструктивистички читања парцијални и прелиминарни. Некои форми на уметничките дела се чини дека се посветени на личниот прогрес на авторот, но и на уживањето при нивното восприемање од гледачот, наведува во поканата за изложбата Пачкова.