Џет-Сет
20. November 2017 - 9:41

Има само 40 килограми: Бившата на Вељко Ражнатовиќ се соочува со сериозно заболување

Водителката и манекенка Ксенија Бујишиќ, на пошироката јавност позната како поранешната девојка на Вељко Ражнатовиќ, се соочи со сериозно заболување.

Имено, она што до сега не беше познато во јавноста е фактот дека убавата водителка се бореше со анорексија, односно нарушување во исхраната кое е комбинирано со опсесивен страв од добивање на тежина.

Ксенија на својот Инстаграм објави фотографија со коментар кој изненади многумина. Имено, водителката откри дека има само 40 килограми.

-После подолго време вагата покажа 40 килограми. Доказ дека бабината кујна и дедовата упорност е решение за се. Анорексијо, обиди се друг пат, зошто оваа рунда е моја“, напиша Бујишиќ на Инстаграм.