Живот
30. December 2015 - 20:00

Им вперил пиштол на докторите и го спaсил животот на неговиот син

Приказна како од филм но доѓа од САД каде Џорџ Пикеринг Втори земал пиштол и влегол во Регионалниот медицински центар „Томбол” во Хјустон, за да мине уште неколку часа со својот син Џорџ Трети, кој бил медицински мртов, и кого само апаратите го држеле во живот.

Бидејќи неклку месеци бил на апарати,  повеќе немало цел да се одржува во живот,  требало да биде изгасен од апаратите, но неговиот татко не бил подготвен за тоа, што довело до неочекуван расплет на настаните.

27-годишниот Џорџ Пикеринг Трети во јануари доживеал мозочен удар, по што бил одржуван во живот со помош на апарати, но бидејќи докторите по неколку месеци мислеле дека тоа нема да му помогне бидејќи мозокот му бил прогласен за мртов, одлучиле да му ги исклучат апарата. Неговиот татко не се согласил со тоа, иако остатокот од семејството бил согласен со тоа.

59-годишнио Џорџ Втори земал пиштол и заминал во болницата за да седи покрај својот син и да ги спречи лекарите да го исклучат.

Гледајќи дека е сериозен, персоналот повикал полиција, која со него преговарала три часа.

Другиот син на Џорџ успеал да му го одземе пиштолот, а кога го добил тоа што го сакал, самиот се предал во полиција. Имено, за време на три-часовната опсада, неговиот син три пати му ја стиснал раката кога тој ќе побарал од него, со што на сите им докажал дека не треба да биде исклучен од апарати.

По инцидентот, во полициската станица признал дека бил претерано агресивен и дека бил пијан, но и дека го направил тоа само затоа што бил сигурен дека неговиот син не е подготвен да умре.

„Го прекршив законот, но од вистински причини”, рекол таткото кој не можел да ја поднесе загубата на синот.

Неговиот син по неколку седмици целосно се опоравил, а тој бил обвинет за заканување со огнено оружје. Откако неговиот случај бил разгледан, добил поблага казна и на почетокот на овој месец излегол од затвор.