Живот
25. September 2017 - 11:02

Им даде на луѓето 30 секунди да ја допираат за вагината, но мораа да ја гледаат во очи - сега се прошета гола!

Уметникот од Швајцарија, Мило Моир целосно гола, прошетала во Риека за време на отварање на музеј, со што сакала да го посочи проблемот со сексуалната експлоатација на жените.
 
- Голем број на луѓе од Риека ме изненадија. Беа љубезни, дури и ме следеа до музејот, - изјавила Мило Моир за „24sata.hr.“
 
Имено, уметникот ја водеше поворката што се одржа во Риека од новата до старата зграда на Музејот на модерна и современа уметност, кој беше отворен во петокот.
 
- Сакав да покажам како луѓето денес ги гледаат другите преку призмата на социјалните мрежи, па по телото напишав бинарни броеви, - објаснила Моир, која на Универзитетот во Цирих има дипломирано психологија.
 
- По факултетот се одлучив да продолжам со уметноста. На своите перформанси гледам како на психолошки експеримент, ме интересира како ќе реагираат луѓето, - вели Мило.

Таа открива дека најмногу е горда со изведбата со која сакала да покаже за проблемот со сексуално искористување на жените.

- Им дадов на луѓето 30 секунди да ми ја допрат вагината, но мораа да ме гледаат во очи, - заклучила Мило.