Македонија
19. April 2016 - 21:11

Илјадници велешани порачаа СТОП за деструкцијата на СДСМ, ајде на избори

 
Огромен број на велешани денес излегоа на собирот организиран од Граѓанското движење за одбрана на Македонија.
 
Тие дадоа масовна поддршка за изборите да се одржат на 5-ти јуни и со тоа да се стави крај на кризата наметната од СДСМ.
 
ГДОМ вечерва организира собири на граѓани освен во Велес и во Кочани, Прилеп и Битола.
 
Битола, Штип и Велес синоќа се кренаа на нозе и дадоа голема поддршка за ГДОМ, кажаа ДА за избори  и  НЕ за деструктивно сценарио и аболиција на Зоран Заев и Верушевски.
 
На собирите на ГДОМ народот се сплотува, се пеат патриотски песни и се праќаат историски пораки.