Свет
20. February 2018 - 17:34

Илјада и двесте командоси од Измир прераспоредени во сириската енклава Африн

Вкупно 1.200 турски командоси заминаа денеска од егејскиот округ Измир кон Африн во северна Сирија, соопшти турската телевизија НТВ.

Командосите, кои биле испратени од многу турски граѓани, се качија во воени авиони на воениот аеродром во реонот Чигли.

Командосите ќе учествуваат во операцијата на турската армија „Маслиново гранче", насочена главно против Силите за заштита на народот на сириските Курди.

Турската армија на 20 јануари ја започна офанзивата „Маслиново гранче" во реонот на Африн.