Македонија
10. October 2017 - 15:08

Илиоски: Отпишување на долговите за вода, канализација и смет на социјално загрозените семејства од Битола

После конститутирање на Советот ќе продолжам мерка за отпис на долгови од комуналната сфера, долгови кои се под директна надлежност на општината, односно долгови за вода, ѓубре и канализација и со која ќе бидат опфатени социјално загрозени семејства и корисници. Со таа мерка ќе бидат отпишани заостанатите долгови на оваа категорија на лица, најави Зоран Илиоски, кандидат за градоначалник на општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ.

Мерката, додаде тој, ќе биде направена согласно комисија која ќе биде оформена од страна на општината и врз основа на јасно дефинирани критериуми.