„Илинден“: Во Голо Брдо и Гора живеат Македонци
Македонското друштво „Илинден“ и неговиот огранок за Голо Брдо најостро реагираат на изјавата на раководството на албанската татковинска организација „Хазиз Лила“ дадена за весникот „Дибра“ дека во областите Голо Брдо и Гора не живеат Македонци.
- Изјавата на оваа асоцијација дека освен во Мала Преспа, во Голо Брдо, Гора и цела Албанија, нема Македонци е груб фалсификат на историјата и вистината. Македонското национално малцинство во Голо Брдо било признато од албанската држава до 1949 година што се потврдува со изводите од матичната книга на родените, издавани во тоа време, на кои пишува националност Македонец. Исто така и наставата во училишта се изведувала на македонски јазик. Мајчин јазик кој се зборува во Голо Брдо е македонски јазик, а децата до 7 години не го знаат албански јазик и него почнуваат да го учат со поаѓање во училиште, стои во реакцијата на друштвото.
Изјавата дека нема Македонци, стои понатаму во рекацијата, е крајно недолична и неодговорна, и претставува груба навреда на достоинството на македонското национално малциство во Република Албанија. Поради тоа се бара под итно организацијата да му се извини на Македонско национално малцинство.
- Единствена вистина во написот „Дали има Бугари во Голо Брдо“ објавен во весникот „Дибра“ е констатацијата на споменатата организација дека во Голо Брдо и цела Албанија никогаш не живеело бугарско малцинство, стои во реакцијата
Ново на Сител
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите
-
Дел од извештаите на светските медиуми за претседателските избори во државава
-
ДИК: Oд обработени 80,03% oд гласовите Силјановска Давкова 284.775, Пендаровски 139.167
-
Јакимовски: Резултатите се далеку од моите очекувања
-
ДИК: Oд обработени 77,32% oд гласовите Силјановска Давкова 272.729, Пендаровски 133.184