-->
-->
Илија Димовски на средба со стопанственици од Кочани
-->
Носителот на изборната листа во ИЕ 3 од Коалицијата за подобра Македонија Илија Димовски на денешната средба со стопанствениците од Кочани ја изложи Програмата на ВМРО-ДПМНЕ во делот на стопанството, отворањето нови индустриски капацитети со странски инвестиции и новите вработувања.
- Во општина Кочани веќе работат две големи странски инвестиции - „Амфенол“ и „Антура“. Компанијата Амфенол започна со изградба на трета фабрика во која од наредната година ќе бидат вработени нови работници. Во општина Виница веќе работат пет странски компании со над 2.000 вработени,истакна Димовски.
Во програмата на владејачката партија, истакна тој, е предвидена поддршка и за домашните компании, посебно за оние кои ќе отворат нови фабрики во руралните средини во кочанско-виничкиот регион.
Зборувајки за вработувањето во новоотворените странски компании Димовски исаткна дека во изминатите две години во Република Македонија се отворени 39 илјади нови работни места, а ваквата тенденција за зголемување на вработувањето ќе продолжи во наредниот период.
На претстојните избори очекуваме да освоиме 63 пратенички места со што ќе ја стабилизираме економијата, при што за наредните 4 години планираме да бидат реализирани 70 илајди нови вработувања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората