Македонија
21. October 2017 - 16:18

Илчо Захариев: Општина Штип ќе ги субвенционира сите новородени деца со еднократна помош

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Штип Илчо Захариев на денешната прес-конференција најави дека локалната власт ќе доделува еднократна парична помош од 6.000 денари за секое новороденче.

- Во нашиот град се раѓаат некаде околу 500 деца секоја година. Сите мајки ќе добијат еднократна поддршка и помош од 6.000 денари. На тој начин општината директно ќе се вклучи во помошта и поддршката на сите оние кои сакаат да го зголемат своето семејство, а една нација ќе опстои ако се раѓаат повеќе деца. Знаеме дека демографската политика во едно општество е многу значајна поради опстојување на нашата нација, рече Захариев.

Тој забележа дека во изминатите четири години се реализирани 450 проекти кои се на барање на граѓаните и додаде оти во новата програма се забележани сите предлози и идеи на граѓаните, кои ќе се раелизираат со средства од буџетот на општина Штип.