Македонија
11. January 2017 - 21:28

ИК на ВМРО-ДПМНЕ му даде полн легитимитет на Груевски за отпочнување разговори за состав на новата Влада

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денес оддржа редовна седница, информираат од партијата.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

На седницата со која раководеше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, се анализираа повеќе актуелни теми и случувања.

Централна тема беше претстојниот процес на формирање Влада при што беше истакнато дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ освоија најголем број на гласовите од граѓаните и императив е да се почитува волјата на мнозинството кое гласаше за програмата РЕАЛНО и проектите предвидени во неа.

gruevski-ik1

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ даде полн легитимитет на претседателот Груевски за отпочнување разговори за состав на новата Влада кои треба да се водат на принципиелни основи, запазувајќи ги државните интереси.

Во анализата на изборните резултати, беше заклучено дека граѓаните на овие избори го поразија СДСМ и испратија јасна порака дека не прифаќаат политика на деструкција и партија чие раководство функционира според мафијашки принципи.

gruevski-ik2

Беше посочено дека е потребна политичка стабилизација за продолжување на економскиот напредок, за што е неопходно составување на влада која ќе биде фокусирана кон исполнување на реалните потреби и барања на граѓаните.