Живот
25. February 2016 - 14:49

Играл „Counter“ и добил „тетка“ за подарок - Неговата мајка му прави проблем поради училиштето!

Пред некој ден во Русија се одбележувал денот на ветераните на татковината, Руслан се логирал на Интернет и додека играл Counter-Strike добил известување дека освоил награда од еден месец во хотел, во една соба со Екатерина Макарова, актерка од порно филмови.
 
- Моите пријатели се среќни поради мене, некои помалку и ми завидуваат. Ја видов, се ми се допаѓа кај неа - изјавил Руслан низ смеење за руската „Life News“ каде со голем ентузијазам објаснува како ќе би го поминал времето со својата „награда која дише“.
 
На прашањето што точно му се допаѓа кај Екатерина, тој одговорил „Убава е и згодна“.
Руслан, инаку досега глумел во речиси 20 филмови и ТВ серии, а до крајот на годината би требало да се појави во уште три достигнувања. Во дел од јавноста тој предизвика и сомневање дека приказната за наградата е само маркетинг трик.
 
Но, додека Руслан разговара со новинарите, во кадарот се неговата мајка Вера и сестра Дијана. Мајката изјавила дека е против тоа нејзиниот син да се сретне со порно актерката, нагласувајќи дека поради тоа ќе треба да отсуствува од училиште.
 
- Јас конкретно сум против тоа. Тој оди во училиште има испити. Како тоа мислите еден месец со порно актерка? Нека да му дадат парична награда, сите ќе бидеме задоволни, - изјавила мајката Вера.
 
Од друга страна, Екатерина Макарова за "Life News", изјавила дека таа нема проблем со тоа да послужи како "жива награда", додавајќи дека пред три месеци и се јавиле од сајтот, и дека со задоволство се согласила.