Спорт плус
30. August 2015 - 19:32

Игор Стефановски Иџе повторно е европски шампион

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски - Иџе ја одбрани титулата европски шампион на ридски патеки.
 
На трката во Словенија, која се возеше на патеката во Илирска Бистрица, конкурентот на Стефановски, чешкиот возач Лукас Војачек излета при своето возење, со што стана јасно дека веќе никој не може да го загрози прво место на Иџе во Генералниот пласман. 
 
Пред оваа трка, Игор Стефановски имаше 215 бода, а Војачек собра 181 бод.
 
Останува само да се види со каков пласман Иџе и дефинитивно ќе ја завери титулата, а како и минатата година ревијално возење ќе има на патеката Бузет во Хрватска.