Живот
26. January 2016 - 15:02

Игор Џамбазов и Весна Петрушевска се впуштаат во брачна игра!

Популарните актери Игор Џамбазов и Весна Петрушевска започнаа брачна игра.
 
Бејби и Џамбаз пред пошироката јавност откриваат дека ќе станат брачна двојка ама само за претставата насловена „Брачна игра“.
 
Тие на своите профили на социјалните мрежи објавија фотогртафија за која појаснија дека е момент од  првата проба за претставата, која ќе биде под режисерската палка на Тони Михајловски.
 
Имено, се работи за дуо-драма која обработува сериозна тема преку комичен пристап, а е работена по текстот на Едвард Олби.
 
Кога ќе се спојат Игор, Весна и Тони, можеме само да очекуваме неповторливо театарско доживување, кое засега е во фаза на подготовки.